Ќе успеат ли партиите да ја сменат судијката која го спречи враќањето на Груевски?

 

На денешното сослушување на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, подносителот на претставката за нејзино разрешување Миљазим Мустафа, ѝ прочита член од Кривичниот закон (КЗ) со предупредување дека е подложна на кривична одговорност казнива со затвор.

За тоа дека зборувала за притисоци врз судиите во интервју во САКАМДАКАЖАМ.МК, а не во Судскиот совет, тој ѝ прочита и член од КЗ кој зборува за попречување на правдата. И тука прочита затворска казна.

На ова жестоко реагираа Адеми и адвокатката Павлина Зефиќ, со барање до тричлената комисија на Судскиот совет да престане да се заканува подносителот на претставката Миљазим Мустафа.

На 3 ноември излезе интервјуто, три дена подоцна Адеми ја повикаат на рапорт во Судскиот совет. Откако таа кажала дека времето е кратко, но да се сретнат со претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев на 8 ноември, два дена подоцна, на 7 ноември веќе членот Миљазим Мустафа ѝ поднел претставка за разрешување.

Целиот проблем со притисоците врз Адеми според она што таа го кажа во интервјуто настанал кога таа одбила да ги оживее аболициите на екс Претседателот, а меѓу нив и таа која ќе го направеше поверојатно враќањето на Груевски во Македонија.

Интересно е што овој член на судски совет кој што ја турка оваа претставка против Адеми е политички избран во ова тело, односно него на предлог на Пендаровски го избра Собранието што значи дека постои можност да е тесно поврзан со политичките структури.

Исто така интересно е што токму ДУИ беше партијата која што беше обвинувана дека правела дилови за враќање на Груевски во земјава за да и се наштети на актуелната опозиција која според анкетите има поголема поддршка кај граѓаните од целата владејачка коалиција заедно.

Уште еден факт кој може да има поврзаност со целата кампања против Адеми се и серијата платени реклами на социјалните мрежи и тоа од портали кои пак се поврзуваат со врвот на ДУИ и за кои одредени политички партии обвинија дека функцинираат во зградата на Министерството за политички систем кое го раководи Артан Груби.
Како што рече Адеми на денешната седница, од исходот на оваа постапка ќе зависи и иднината на целиот правосуден систем, испраќајќи порака дека ако се дозволи на политичките партии да разрешуваат дури и Претседатели на врховен тогаш правосудството довербата ќе почне да ја мери во децимали.


 

 

29.12.2023 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега