„Ќе експлодираат во 11.30 часот“ - Дојави за бомби во грчките амбасади

 

Амбасадите на Израел, Египет и Соединетите Американски Држави во Атина денеска добиле дојава за подметнати бомби, пренесуваат грчките медиуми.

Според Катимерини, непознати лица се јавиле во неколку редакции на грчките телевизии, предупредувајќи дека во 11:30 часот ќе експлодираат бомби во амбасадите на САД, Египет и Израел. Припадниците на Одделот за уништување експлозивни направи се на терен.

23.02.2024 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега