Километарски колони на Табановце, се чека по еден час за влез во државава

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ.

„Нa ГП Табановце има зголемена фреквенција на возила за влез во Мaкедонија, време на чекање околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, велат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

02.07.2024 - 12:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега