Киев отвори истрага за воени злосторства по уривањето на браната

 

Киев отвори истрага за воени злосторства по уривањето на браната Каховка, како и истрага за можен случај на екоцид, изјави главниот украински обвинител.Андриј Костин рече дека Украина собира информации со тимови на терен и ќе ги достави сите детали до Меѓународниот кривичен суд.

Костин изјави за Би-Би-Си дека околу 1.500 луѓе веќе се евакуирани од регионот.  Претходно на „Твитер“ напиша дека повеќе од 17.000 луѓе се евакуирани од поплавените подрачја.

Украина и Русија меѓусебно се обвинија за рушењето на браната.

06.06.2023 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега