Казна од 100 евра ако се премине водената граница во популарното грчко летувалиште
Ако пливате надвор од обележаниот дел од морето на Тасос, може да бидете казнети со 100 евра! Ова е судбината на човекот кој се осмели да ја премине „водната граница“ во популарното летувалиште во Грција.
Како што соопштија од Капетанијата на пристаништата во Кавала, човекот во одреден момент исчезнал, поради што е започната потрага за негово пронаоѓање и безбедно враќање на брегот. Откако бил пронајден жив и здрав, бил казнет со 100 евра затоа што пливал во област каде што не било предвидено за пливање.
Според грчките медиуми, непочитувањето на основните безбедносни правила при пливање е доволна причина моментите на релаксација да се претворат во трагедија. Го пренесуваат и соопштението на Капетанијата на пристаништата, во кое се наведува дека 28-годишен маж е третата жртва на море за 24 часа.
Додадено е дека тој бил извлечен во несвест во раните утрински часови од морето на плажата во Потос, Тасос. Младиот човек со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Здравствен дом, а лекарите можеле само да констатираат смрт. Од Првото пристанишно одделение Кавала наредена е обдукција.
Податоците на крајбрежната стража покажуваат дека најмалку 52 лица загинале од давење во изминатите 15 дена. Ова е алармантна бројка, особено ако се има предвид дека сме на почетокот на летото и дека повеќето денови во јуни луѓето не пливале во море поради врнежливото време.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа