Карамбол на патиштата во Скопје: Детали за сообраќајките утринава
Обилниот снег што паѓа од утринава во Скопје, предизвика големи проблеми во сообраќајот. Најкритично било на подрачјето на Автокоманда, каде што како што јавува читател на Press24, во рок од неколку минути се случиле дури три сообраќајни несреќи.
Во 09.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на бензинска пумпа, на влез во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки и патничко возило „фолксваген голф“ со италијански национални ознаки.
Засега нема пријава за повредени лица.
Исто така, во 09.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу три патнички возила „пежо 306“ со скопски регистарски ознаки, „форд фокус“ со бугарски национални ознаки и „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки.
Засега нема пријава за повредени лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа