Камења и боја фрлани врз возилото на косовскиот министер во Лепосавиќ
Косовскиот министер за локална самоуправа Ељберт Красниќи денеска ја напушти зградата на општината во Лепосавиќ, каде престојуваше од утрово, а кога излегуваше од зградата, насобраните граѓани фрлаа боја кон полициското возило со кое пристигна и го напушти Лепосавиќ.
Јајца биле фрлани и кон полициски возила.
Насобраните граѓани протестираа од моментот кога се појави Красниќи барајќи негово заминување.
На северот на Косово синоќа биле активирани три експлозивни направи за кои полицијата тврди дека се шок бомби.
Високиот суд во Краљево им одреди притвор на тројцата косовски полицајци кои во средата беа уапсени од српската полиција.
Уапсените полицајци утринава се сослушани во Вишото јавно обвинителство Краљево, а се товарат за недозволено поседување оружје и експлозивни направи. Властите во Белград тврдат дека косовските полицајци се уапсени во областа Рашка во Србија, додека властите во Приштина инсистираат дека се уапсени во областа Лепосавиќ, на северот на Косово.
Претходно денеска претставниците на САД и Велика Британија повикаа на безусловно ослободување на приведените полицајци и смирување на тензиите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа