Калед Мешал, кој го преживеа израелскиот атентат, е најверојатниот наследник на Ханије

Калед Мешал, најверојатниот наследник на убиениот лидер на Хамас, Исмаил Ханије, стана светски познат во 1997 година, откако израелски агенти се обидоа да го убијат пред неговата канцеларија во Аман, вбризгувајќи му отров.

Мешал (68) стана политички лидер на Хамас во егзил една година пред Израел да се обиде да го елиминира, позиција што му овозможи да ја претставува палестинската исламистичка група на состаноци ширум светот, пренесува Ројтерс.

Извори на Хамас очекуваат тој да го замени Ханије, кој беше убиен денеска во Техеран, а Иран и палестинската група ветија дека ќе се одмаздат за неговото убиство.

31.07.2024 - 21:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега