Како девојче (4) заработи пари од биткоинот поради паметниот потег на татко ѝ

Една девојка во Бразил оствари 6.500% профит на еден биткоин откако цените скокнаа на 60.000 долари.

Четиригодишното девојче, чиј идентитет не е откриен, доби 1 БТК од нејзиниот татко Жоао Канхада во 2017 година, кога биткоинот сѐ уште имаше цена од приближно 915,80 долари, пишува ibtimes.

„Штом се роди ќерка ми, во 2017 година, и купив 1 биткоин, не само како подарок, туку како начин да инвестирам во оваа нова економија. Во тоа време, БТК чинеше 5.000 бразилски реали“ – изјави тој за Cointelegraf Kanhada.

 

Биткоинот зајакна речиси 90 проценти во последните три месеци и е близу до достигнување на своето рекордно ниво од 64.869 долари поставено во април оваа година.

Цената на биткоинот викендов ја урна бариерата од 60.000 долари, достигнувајќи кратко највисоко ниво од 62.600 долари за прв пат од август.

19.10.2021 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега