Кабинет на претседателот: Пендаровски нема издадено Благодарница за Роберт Тодоровски

Вчера пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека добивал закани од лицето Роберт преку социјалната мрежа „Месинџер“, а закани биле упатени и за лидерот на опозицијата Мицкоски. Петрушевски објави и фотографија од Благодарница, за која рече дека претседателот Стево Пендаровски му ја врачил на лицето од кое добивал смртни закани, па побара од него да му ја одземе.

На ова тврдење на пратеникот Петрушевски, со демант излегоа од Кабинетот на претседателот, во кој потенцираат дека Пендаровски немал врачено таква Благодарница за лицето Роберт Тодоровски.

„Во врска со наводите за издадена благодарница од страна на претседателот Стево Пендаровски на лицето Роберт Тодороски, претседател на РХО Здружени срца - Прилеп, ве информираме дека таков документ не е врачен од страна на претседателот Пендаровски, или издаден од Кабинетот на претседателот“, се вели во деманот од Кабинет на Претседателот на Република Северна Македонија.

Вчера став за заканите кои ги добивал даде и самиот лидер на опозицијата, Христијан Мицкоски кој потенцираше дека не се плашел од ништо.

„Сметам дека не сум погрешил никому, па затоа слободно се движам. А тавките закани не ни планирам да ги пријавам во полиција“, кажа Мицкоски во изјава за медиумите. 

01.04.2023 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега