Изречени казни во висина од 12.500 евра за градилиштето зад Универзалната сала

 

Градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар денес изрече 5 казни на инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ и изведувачот „Арадико Коп ДООЕЛ увоз извоз“, во вкупна висина од 12.500 евра во денарска противвредност, за небезбедното градилиште, истакна градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Ова градилиште, како што посочуваат од општината, неколку пати беше затворено од градежната инспекција, но инвеститорот на своја рака ги отстрануваше заштитните инспекциски ленти и продолжуваше со градење, не земајќи ги предвид законските одредби и решенијата од инспекцијата.

„Инспекцијата утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење. Инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ е обврзан да постави армирано бетонски колови, тн. шипови, за обезебедување на јамата, кои тој не ги извел и со тоа постапил спротивно одобрението за градење.

Со изоставувањето на армирано бетонските колови, инвеститорот ги довел во опасност околните објекти, а вчера пропадна и дел од улицата „9 Мај“, каде што се наоѓа и спорното градилиште“, е истакнато во соопштението.

Оттука, додаваат, постапувајќи по Законот за градење, градежниот инспектор на Општина Центар изрекол вкупно 5 глоби и тоа: 4.000 евра во денарска противвредност за непреземање на мерки за обезбедување на градилиштето; 500 евра во денарска противвредност за прекршок на одговорното лице во правното лице „Бинјапи Инжинеринг“, 7.000 евра за правното лице – изведувач „ Арадико Коп ДООЕЛ увоз извоз“, 500 евра за одговорното лице во правното лице – изведувач и 500 евра за градежниот инжинер за изведба, сите во денарска противвредност.

21.03.2023 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега