Израелскиот претседател: Германката ја најдовме обезглавена

Претседателот на Израел, Исак Херцог, во интервју за „Билд“ ја потврди информацијата дека 23-годишната Германка, Шана Лук, била обезглавена.

Германката беше киднапирана од членови на Хамас на 7 октомври за време на нападот на музички фестивал во близина на границата со Газа.

 

Тој додаде дека варварските и садистички ѕверови на Хамас му ја отсекле главата на девојчето, чие тело дури сега е идентификувано.

 

Телата на 40 жртви убиени од Хамас сè уште не се идентификувани. Проблемите со идентификацијата се последица на тоа што телата биле осакатени или изгорени.

 

За Херцог, упадот на Хамас на израелска територија резултирал со кланица и страшни ужаси. Инаку, веднаш по нападот, Хамас објави снимка на која се гледа како Лук, полугола и тешко ранета, лежи во едно од нивните возила додека тие парадираат на улиците на Газа. Некои од медиумите тогаш пренесоа дека е убиена, но набргу нејзиното семејство објави дека има информации оти девојката во време на грозоморното видео била онесвестена, но сè уште жива.

 

 

30.10.2023 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега