Израел тврди: Знамиња на ИСИС се пронајдени на местата на масакрите на Хамас
Израелските власти споделија фотографии на кои наводно се прикажани знамињата на ИСИС што ги оставиле милитантите на Хамас.
Тие рекоа дека знамињата биле оставени по масакрот на израелските цивили, но засега нема независна потврда за тоа.
„Хамас носеше знамиња на ИСИС за масакрирање израелски деца, жени и мажи. Хамас е геноцидна терористичка организација. Хамас е полош од ИСИС“, напишаа израелските одбранбени сили на „Твитер“.
Уште една слика од знамето на ИСИС беше објавена од израелската амбасада во Велика Британија.
Израел често го споредува Хамас со ИСИС, иако тие не се исти организации.
Израел, САД, ЕУ и Велика Британија го прогласија Хамас за терористичка група. Станува збор за палестинска исламистичка група, која го контролира Појасот Газа, а нејзината главна цел е да ја искорени израелската држава.
ИСИС е насилна терористичка организација, која извршила злосторства во Сирија, Ирак и во Либија. Изврши терористички напади и во западните земји.
Hamas brought ISIS flags to massacre Israeli children, women and men.
Hamas is a genocidal terrorist organization.
Hamas is worse than ISIS pic.twitter.com/j3BagCudor
— Israel Defense Forces (@IDF) October 12, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа