Изневерувањето им е во крвта, овие хороскопски знаци ќе ве изневерат дури да трепнете


За мажите родени под овие два хороскопски знаци, изневерувањето им е во крвта, ќе ве изневерат додека да трепнете.

Едниот изневерува од забава, а другиот тоа го прави превентивно - во случај партнерката некогаш да го изневери, тивко си се насмевнува дека „навреме ја престигнал“.

Ако започнувате врска со овие два хороскопски знаци, немојте да се чудите ако ве изневерат.

Шкорпија

Тие имаат тенденција да создаваат комплицирани и тешки емотивни приказни, најчесто со авантуристички и тврдоглави жени, бидејќи тоа еротски ги возбудува. Плашејќи се дека партнерката во одреден момент ќе им „прободе нож во грб“, тие се подготвени да ја изневерат веќе на почетокот на врската, но се обидуваат да го скријат тоа „како змиски нозе“.

Доколку сте во врска со маж роден во знакот на Шкорпија и одлучите да го изневерите, немојте да се чудите ако ви каже дека одамна ве „престигнал“ во таа „дисциплина“.

Стрелец

Мажите родени во овој знак сакаат да имаат повеќе опции на располагање, како во бизнисот и пријателството, така и во љубовта. Во нивниот телефон има контакти на потенцијални девојки кои ги заведуваат за рекреација, но и на бивши, со кои сакаат повремено да ги обновуваат старите страсти.

Стрелците се во постојана потрага по совршена врска, која, парадоксално, не можат да ја постигнат, затоа што самите имаат тенденција да создаваат паралелни љубовни приказни. Затоа или остануваат вечни ергени до крајот на животот или се разведуваат и се мажат барем два-три пати.

Ако сте стрелец, доаѓа време кое ви носи успех и берење златни плодови на различни полиња.

15.08.2024 - 23:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега