Избегнувајте престој на отворен простор: Стигнува невреме со грмежи и силен ветер

 


Изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме ќе има денеска попладне, во текот на ноќта и утре претпладне, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата на УХМР,  до четврток и особено тој ден ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. 

Повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи ќе има и во Скопје во текот на ноќта и утре претпладне.

-Нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде и во четврток, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

УХМР укажува на поголема внимателност при грмотевици и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

28.07.2025 - 13:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега