Ивановска: Познат човек на „Водњанска“ продолжува да гради, иако инспектор двапати пишува решение за уривање
Синоќа во „Клик Плус“ на ТВ21 гостинка беше претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска.
Ивановска лута од студиото на ТВ21 откри невиден скандал во општина Центар. Таа кажа дека познат човек добил решение да го сруши објектот, но тој и натаму си гради.
„Еве го примерот со Водњанска со познат човек инвеститор на објект. Доаѓа инспектор пишува решение за уривање, не се урива објектот, си продолжува да гради. Згора на тоа уште мајсторите им пуштаат предизвикувачка музика на околните жители дека законот ништо не им може. На што личи тоа? На ништо не личи тоа, срамота!“, кажа Ивановска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа