Ивановска: Османи пред партиски штаб со службено возило известувал за државнички работи

 

„И покрај тоа што министрите се обврзани да го почитуваат етичкиот кодекс, за жал и натаму истиот се крши“, рече Билјана Ивановска вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 посочувајќи го примерот со министерот Османи.

„Се случуваат кршења на етичкиот кодекс од страна на министрите. Имаме пример со министерот Османи кој изјави дека за време на пауза закажал прес-конференција пред партиски штаб, за кој известува за државнички работи, и притоа на неа заминал со службено возило. Ова е многу далеку и од одредбите на етичкиот кодекс за однесување на министрите во време на изборниот процес, и во насока на искористување на службените возила, на државните ресурси“, изјави Ивановска.

31.01.2023 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега