Италија со гранични контроли кон Словенија, Словенија со истата мерка кон Хрватска и Унгарија

Словенија на полноќ воведе полициски контроли на границата со Хрватска и Унгарија. Мерката ќе важи најмалку 10 дена.

Словенија воведе контроли откако Италија ја објави истата мерка на границата со Словенија, а како причина ги наведе зголемените безбедносни ризици поради организираниот криминал, ескалацијата на тензиите на Блискиот исток и зголемениот прилив на мигранти, пренесува СТА.

 

Министерот за внатрешни работи на Словенија, Боштјан Поклукар, изјави дека граѓаните кои живеат во близина на границата и покрај воведените контроли ќе можат да продолжат да живеат нормално, истакнувајќи дека и дал инструкции на полицијата да го овозможи тоа.

 

За патниците ќе бидат отворени 14 контролни пунктови – 12 на границата со Хрватска и две на границата со Унгарија.

 

 

21.10.2023 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега