Истражување потврди: На ова место марихуаната е популарна од алкохолот

Секојдневната употреба на марихуана ја надминала редовната употреба на алкохол во САД, покажуваат податоците од истражувањето на Националната анкета за употреба на дрога и здравје, која е објавена денеска во списанието „Adiction“.

 

Во 2022-ра година за прв пат нивото на употреба на марихуана го надмина консумирањето на алкохол, рекол авторот на истражувањето Џонатан Колкинс, истражувач на употребата на канабис при Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург.

Според резултатите од истражувањето, се проценува дека во 2022-ра година 17,7 милиони луѓе секојдневно или речиси секојдневно користеле марихуана во според со 14,7 милиони луѓе кои секој ден или речиси секој ден пиеле алкохол.

Од 1992-до 2022-ра година, стапката на редовно користење на марихуана се зголемила за дури 15 пати.

Повеќето американски сојузни држави ја декриминализираа марихуаната, дозволувајќи нејзина употреба за медицинско и рекреативно користење, но таа и натаму е незаконска на сојузно ниво.

Гласачите во Флорида во ноември ќе одлучуваат за усвојување на уставни амандмани со кои се дозволува рекреативна употреба на канабис, а тамошната влада има намера да ја класифицира марихуаната како помалку опасна дрога.

22.05.2024 - 19:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега