Искршил амбулантно возило, се обидел да нападне и полицаец: Уапсен холанѓанец во Охрид
Вчера во 21.45 часот во охридското село Пештани, полициски службеници од СВР Охрид - полициска канцеларија Пештани, од слобода го лишија В.Р.Ј.(31) од Холандија.
Тој, агресивно се однесувал кон медицински лица од Итната медицинска помош од Охрид и оштетил дел од опремата на амбулантното возило, по што се обидел физички да нападне полициски службеник кој преземал службени дејствија.
Против него е поднесена соодветна пријава.
06.06.2024 - 13:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа