ИПИС: Мицкоски 27,8% - Филипче 5,5%
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Претседател на Владата Христијан Мицкоски е убедливо најпопуларен политичар, покажува последната анкета на ИПИС. Според неа, во него имаат доверба 27,8% што е повеќе од рејтингот на неговата партија за која поддршката е 27,2%. Интересно е што директниот конкурент на Мицкоски, лидерот на СДМС, Венко Филипе е дури трет со поддршка од само 5,5%. Пред него е Ахмети во кого веруваат 8,6%.
На четвртото место е Максим Димитриевски од ЗНАМ со поддршка од 4,3% по што следи Апасиев со 4% поддршка.
Во Вреди најпопуларен е Таравари со 2,7% доверба по што следи Гаши со 2,1% и Меџити со 1,5% и Касами со 1,4%.
Интересно е што Бранко Црвенковски има поддршка од 1,5% пред Груевски, Заев и Пендаровски во кои веруваат по 1,1% од анкетираните.
Анкетата на ИПИС е спроведена телефонски во периодот од 10 до 13 октомври врз репрезентативен примерок од 134 испитаници
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа