Инспекторите ставија блокатори на вратите на уште 5 маркети - не ги почитувале владините мерки

 

Блокатори на вратите на уште 5 маркети во Кавадарци, Гостивар, Куманово и Тетово поставија инспекторите кои утврдиле дека овие објекти не ги почитувале владините мерки за намалување на цените на прехранбените произвди. Информацијата ја потврди и првиот човек на ДПИ, Горан Трајковски.

„Благодарност до сите граѓани кои пријавуваат неправилности во Државниот пазарен инспекторат на 02/191! Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и Одуките на Владата. Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните - потрошувачите!

Денес казнети се и затворени 5 маркети во Кавадарци, Гостивар, Куманово и Тетово.

Апелирам, до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните“, стои во објавата на Трајковски.

28.09.2023 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега