И Апасиев бара имиња на лицата поврзани со скандалот на Онкологија

 

И лидерот на Левица, Димитар Апасиев, бара имиња и презимиња на лицата кои се поврзуваат со скандалот кој ја тресе Клиниката на Онкологија. Овој став го соопшти на социјалната мрежа Фејсбук. 

За потсетување, врз основа на судска наредба, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, припадници на МВР извршија претреси на Клиниката за онкологија, како и на уште две локации во приватни станови во Скопје.

„Притоа беа одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои ќе бидат предмет на анализа и вештачење.
Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи продолжуваат да преземаат дејствија во предистражна постапка, поведена врз основа на наводите во новинарски текстови на еден неделник поврзани со работата на Клиниката. Проверките се прават со цел обезбедување докази за да се испитаат евентуални обележја на кривично дело“, известија од Обвинителството.

Македонската јавност е згрозена од овој скандал на Клиниката, а своите ставови на револт и бес масовно ги преплавија социјалните медиуми.

03.09.2023 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега