Холандскиот тур-оператор „Корендон“ повторно ја активира сезонската авиолинија од Мастрихт до Охрид

 

Холандскиот тур-оператор „Корендон“ што располага и со сопствена авионска флота, за престојната туристичка сезона повторно ја активира директната авионска линија од аеродромот „Мастрихт/Ахен“ до Охрид.

Согласно донесената одлука, засега е предвидено авионите на „Корендон“ од јужниот холандски град повторно да летат до охридскиот аеродром во периодот од 7 јули до 1 септември.

Покрај Охрид како дестинација од аеродромот „Мастрихт/Ахен“ авиони на „Корендон“ престојната туристичка сезона ќе летаат уште и за Крит, Закинтос, Родос, Анталија, Бодрум и Бургас.

Авионската линија Мастрихт – Охрид покрај летовите од Амстердам и од Ајндховен, првпат беше воведена летото 2018 година, но по туристички одличната 2019 година поради епидемијата на коронавирусот холандскиот тур-оператор наредната сезона ги откажа своите туристички аражмани за Македонија.

Тур-операторот „Корендон“ беше најзаслужен за враќањето на туристите од земјите на Бенелукс, во најголем број Холанѓаните, на Охридската ривиера по распадот на поранешна Југославија. 

18.02.2023 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега