Хезболах: Злонамерни Европејци, внимавајте

 

Израел погоди две села во јужен Либан во воздушен напад, објавија либанските медиуми. Израел рано утринава изврши воздушен напад врз две села во јужен Либан, јави либанската телевизија Ал Мајадин. Израелски ракети го погодија Кафр Шуба и околината на Одаисех, се додава.

„Во изминатите неколку часа, ИДФ нападна цели на Хезболах долж границата со Либан. Ова беше одговор на нападите во средата. Погодените цели вклучуваат набљудувачки пункт свртен кон морето, од кој беа истрелани противтенковски ракети кон Рош ХаНикр“, објави Израел.

Хезболах ги предупреди своите противници дека е „илјада пати посилен“ од порано, додека неговите борци разменуваа оган на границата со израелските сили во насилство поттикнато од војната меѓу Хамас и Израел. САД го предупредија Иран, кој ги поддржува Хезболах и Хамас, да не се меша во кризата.

САД распоредија два носачи на авиони за да спречат било кој државен или недржавен актери да го ескалира конфликтот.

Функционерот на Хезболах, Хашем Сафиедин, обраќајќи им се на големата толпа поддржувачи, ги предупреди американскиот претседател Џо Бајден, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и, како што рече, „злонамерните Европејци“ да бидат внимателни.

„Одговорот на грешката што може да ја направите со нашиот отпор ќе биде звучен“, рече тој.

19.10.2023 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега