Хеликоптер на МВР фрли над 20 тони вода врз пожарот кај струшко

Денеска хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР повторно дејствуваше на пожар вo шума во атарот на село Делогожди, струшко, извести МВР.

Хеликоптерот исфрли над 20 тона вода и во координација со силите на терен прецизно дејствуваше за гасење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола, додаваат од МВР.

09.07.2024 - 20:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега