Хаусмајстор во училиште во Карпош допирал ученичка по телото
Вчера вечер околу 19.30 часот во СВР Скопје, лекар од Клиниката за гинекологија и акушерство Скопје пријавил дека кај нив на преглед дошла 18-годишна ученичка од средно училиште на подрачје на Карпош, извести МВР.
Според пријавеното, 55-годишен хаусмајстор во училиштето ја допирал по телото и таа го пријавила случајот кај психологот во училиштето, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
14.11.2023 - 16:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа