Харис: Не се враќам во пропаднат политички систем
Поранешната потпретседателка на САД и претседателски кандидат на Демократската партија на изборите одржани минатата година, Камала Харис, денес изјави дека во моментов нема намера да се врати во американскиот политички систем бидејќи верува дека тој е „пропаднат“.
Зборувајќи во своето прво интервју по изборниот пораз од Доналд Трамп, во емисијата „Late Show“ со Стивен Колберт, Харис рече дека донела одлука да не се кандидира за ниедна позиција, барем засега, вклучително и за позицијата гувернер на Калифорнија, која ѝ беше понудена, пренесува Гардијан.
„Едноставно не сакам повторно да влегувам во тој систем. Мислам дека е распаднат“, рече Харис.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа