Хаос во Перу: При пожар во рудник загинаа 27 лица

Непознат број рудари загинаа по пожар во рудник за злато во Перу, соопштија властите денеска, додека полицијата работи на извлекување на телата.

27 рудари ги загубија своите животи, соопшти Локалната власт каде што се наоѓа рудникот, во јужниот регион Арекипа.

Сепак, додаваат дека бројот на жртвите не е конечен „бидејќи немало начин да се комуницира од рудникот“.

Се додава дека краток спој можел да го предизвика смртоносниот пожар што се случил во саботата.

Со рудникот стопанисува мала компанија.

Перу е најголемиот производител на злато во Јужна Америка, а рударството е клучна индустрија за земјата.

08.05.2023 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега