Хаос во Кина: Верижна сообраќајка - се судриле повеќе од 100 возила

 

Неколку лица се повредени во верижен судир во кинескиот град Сужоу, во провинцијата Џиангсу. Во сообраќајната несреќа учествувале повеќе од 100 автомобили.

Како што соопшти сообраќајната полиција три лица се хоспитализирани, а шестмина се здобиле со полесни повреди. Верижниот судир е предизвикан од голомразица.

Во текот на изминатите неколку недели, големи делови од Кина беа погодени од студени бранови, виулици и замрзнат дожд, што влијаеше на транспортот додека милиони луѓе патуваат дома за да ја прослават лунарната Нова година.

23.02.2024 - 09:39
Фото: 
Илустрација

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа