Хаос во Дњепар: Русите не мируваат, руска ракета погоди двокатна зграда

 

Дваесет лица се повредени, меѓу кои пет деца, во експлозија во близина на украинскиот град Дњепар во која се урна двокатна зграда. Гувернерот Серхиј Лисак изјави дека три деца се тешко ранети и дека 17 лица се згрижени во болница, додавајќи дека уште едно дете е заробено во урнатините.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека експлозијата се случила меѓу две згради.

„За жал, сè уште има луѓе заробени во урнатините. Русија повторно докажа дека е терористичка држава“, рече Зеленски.

На социјалните мрежи се наведува дека причина за експлозијата била руска ракета и дека била погодена и зградата на итната служба, а објавените фотографии покажуваат како спасувачките служби ги пребаруваат урнатините на зградата. Украинската армија не потврди дека се работи за ракетен напад. Русија негира дека нејзините воени сили целат цивили.

04.06.2023 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега