Хаос на Табановце: Царинар и криумчар заработија кривични пријави


СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.К.(33) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и Д.Т.(58) од Куманово, цариник во Отсек за патнички промет во царинска испостава Табановце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На 02.08.2024, првопријавениот во државата влегол на граничен премин Табановце со патничко возило „форд“ кое било натоварено со 16 бандажи со гуми, кои не ги пријавил за царинска контрола, со што избегнал плаќање на царина при увоз и ДДВ.

Додека, второпријавениот не извршил никаква контрола над патничкото возило и со тоа му овозможил на првопријавениот да се стекне со противправна имотна корист.

03.10.2024 - 16:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега