Хамас тврди дека Израел убил 500 луѓе во напад врз болница, се огласи израелската војска

Хамас тврди дека Израел ја погодил баптистичката болница Ал-Ахли Араби во центарот на градот Газа во воздушен напад.

Тие тврдат дека во нападот загинале најмалку 500 луѓе. Претходно, портпаролот на палестинското Министерство за здравство изјави дека во нападот што ја погоди болницата загинале меѓу 200 и 300 луѓе, но Хамас оттогаш го зголеми бројот на 500.

„Овој страшен колеж е злосторство за геноцид. Повеќето од жртвите во болницата се раселени семејства, пациенти, деца и жени. Нападот, исто така, ја разоткри американската и западната поддршка за оваа криминална окупација. Меѓународната заедница и арапските и исламските земји мора да ги преземат своите одговорности и да интервенираат веднаш, сега, а не утре, за да ја запрат ароганцијата на окупацијата и нејзината фашистичка армија и да ја повикаат на одговорност за геноцидот што го направи веќе единаесетти ден по ред во веќе блокиран простор“, соопшти Хамас.

Болницата била нападната без никакво претходно предупредување, јави катарската Ал Џезира.

На пропалестинските страници на социјалните мрежи кружат снимки од болницата, чија автентичност засега не е потврдена.

Предупредуваме дека некои читатели може да ги сметаат снимките за вознемирувачки.

17.10.2023 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега