Гужва на Табановце и на Богородица, проверете колку се чека

На граничниот премин Табановце за влез во земјава се чека околу 30 минути, а на граничниот премин Богородица за излез од земјава околу 15 минути, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија. 

Чекањето, како што информира АМСМ, е поради зголемена фреквенција на возила.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

14.07.2024 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега