Грузија води - несреќен автогол на Миовски

 

Фудбалската репрезентација на Македонија има негатива од 1:0 против Грузија во Тбилиси, во петтиот натпревар од годинашното издание во Лигата на нации. Во 35. минута, Бојан Миовски си постигна автогол.

Македонија почна добро, имаше контрола на играта, а Стефан Спировски прв се закани кога влезе во шеснаесетникот и беше згазнат од противнички дефанзивец. Но, сепак, судијата Иван Кружлиак оцени дека нема доволен интензитет во тој старт за да покаже на белата точка, а не дови инструкции ниту од ВАР-собата.

Елиф Елмас беше следниот кој предизвика бура во одбраната на Грузија, но немаше поголем ефект.
Во 20.минута, Енис Барди се обиде од слободен удар, но директно во Ѓерѓи Мамардашвили.

Грузија се ослободи од притисокот, а првата сериозна закана дојде од Ѓорги Абурџанија. Тој шутираше одлично во 34.минута, а уште подобра беше интервенцијата на Столе Димитриевски кој исфрли во корнер.

Само една минута подоцна, Квича Кварацкелија продре по десната страна, уфрли во петерецот, а топката го погоди Бојан Миовски и заврши во мрежата. До крајот на првиот дел Грузијците имаа уште два обиди, но крај голот на Димитриевски.

МАКФАКС

23.09.2022 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега