Груби ги демантира шпекулациите: Не сум избегал, штоm ги завршам обврските ќе се вратам дома

 


Поранешниот вицепремиер Артан Груби категорично ги отфрла шпекулациите за бегство од државата. Во својата изјава на социјалните мрежи, тој јасно нагласи дека е на приватно патување и дека ќе се врати во земјата.

„Денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување. Веднаш што ги завршам обврските, ќе се вратам дома при моето семејство“, напиша Груби.

15.12.2024 - 23:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега