Гром предизвика голем пожар во Крива Паланка, огнот е проширен и на територија на Р.Србија


Пожар избувнал во мешаната шума во атарот на селото Луке, на планинскиот масив Чупино Брдо, во  Крива Паланка. Според првичните информации, огнот е предизвикан од удар на гром во сувата вегетација, а поради силниот ветер, пламенот се проширил со голема брзина.

Поради сушните услови и тешко пристапниот терен, пожарот брзо се проширил и сега зафаќа големи површини под шума. Ситуацијата е дополнително комплицирана од фактот што огнот го преминал македонско-српската граница и се шири и на територијата на Република Србија.

Од ЦУК соопштија дека попладнево избиле нови пожари во државава меѓу кој и пожарот во  Крива Паланка предизвикан од гром.

„КРИВА ПАЛАНКА: с.Луке, м.в. Чупино Брдо (3 ТППЕ) (мешана шума) –нов пожар предизвикан од гром. Пожарот е проширен и на територија на Р.Србија“, стои во соопштението на ЦУК.

15.08.2024 - 20:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега