Грковска - Нефју: Одговорно, отчетно и транспарентно работење се клучни механизми за ефикасно справување со корупцијата

 

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на работната посета на Вашингтон, САД, оствари средба со глобалниот координатор за антикорупција на САД, Ричард Нефју, на која се разговараше за важноста на борбата против корупцијата како клучен елемент за напредок и развој на секое општество.
Вицепремиерката Грковска истакна дека справувањето со корупцијата е приоритет во стратешките цели на Владата и дека борбата против корупцијата бара активна улога на сите чинители на системот. Низ тој процес мора да биде обезбеден целосен општествен и политички консензус со целосна вклученост на сите учесници во овој процес.
За време на состанокот, глобалниот координатор за антикорупција на САД, Нефју, нагласи дека е потребно промените да бидат видливи за граѓаните да го согледаат владеењето на правото и еднаквоста пред законот. Тој ги поздрави активностите и процесите кои Кабинетот за политики за добро владеење ги планира за претстојниот период и ја потврди поддршката на САД за Северна Македонија на патот кон остварување на нејзините стратешки цели.
Двајцата соговорници се согласија дека корупцијата не е проблем само на една држава или регион, туку е глобален предизвик, распространет секаде и само со заедничко работење и поддршка може борбата против корупција да биде успешна и да даде оптимални резултати.
Вицепремиерката Грковска потенцираше дека граѓаните се веќе суперсензитивни на корупција и на секов вид на злоупотреба на службена должност. Работењето мора да биде базирано на транспарентност, отчетност, владеење на правото, ефикасност и ефективност.
 
Таа додаде дека е свесна дека корупцијата не може да се победи во целост, но мора да се покажат видливи и конкретни резултати, да се создадат услови за владеење на правото и еднаквост на секој граѓанин на државата пред законот и пред институциите. „Сите ние, имаме обврска да ја зајакнеме довербата на граѓаните во институциите“, нагласи вицепремиерката Грковска.
02.02.2023 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега