Гренел до Приштина: „Не гризете ја раката што ве храни“

 

Поранешниот пратеник на Доналд Трамп за дијалог меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел, ѝ одговори на поранешната министерка за надворешни работи на Косово, Мељиза Харадинај-Стубли, која упати низа обвинувања на сметка на Западот за настаните во Бањска. Гренел ѝ порача дека не е добра идеја „да ја гризе раката што ги хранела со децении“.

Гренел на социјалната мрежа Х изјави дека меѓународната заедница му порачала на косовскиот премиер Аљбин Курти да престане со едностраните потези, да распише избори и да формира заедница на српски општини.

„Дали го обвинувате Западот? Не е добра идеја да ја гризете раката што ве храни со децении. Точно е дека меѓународната заедница му порача на Курти на 3 јуни да престане со едностраните потези, да распише избори и да ја формира заедницата. Не кажа ништо. И тоа е вистината“, рече Гренел.

Одговарајќи им на оние што го обвинуваат дека е платен од Србија, Гренел наведува дека нагласувањето лажни вести наместо политичка дебата е белег на владата на Курти.

27.09.2023 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега