Грчките земјоделци се повлекоа: Нормалнизирано е влегувањето преку Евзони

Од синоќа од 23 часот нормализирано е влегувањето во Грција преку преминот „Евзони“, кој од 18 часот беше блокиран од грчките земјоделци, а тамошните погранични служби пропуштаа патнички и товарни возила на секој половина час по десет минути.

Веста дека е нормализиран влезот кај јужниот сосед преку преминот „Богородица-Евзони“ за МИА ја потврди началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев.pastedGraphic.png

И на другите граничните премини со Грција, „Дојран-Дојрани“ и „Меџитлија-Ники“, протокот на патници и стока се одвива нормално.

Инаку, преминот „Ники“ за влез во Грција вчера беше блокиран од грчките земјоделци од 16 до 19 часот, кои, според информации оттаму, штрајкот и блокадите ги ставиле во мирување.

21.02.2024 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега