Граѓаните со јасен став: За вработување во државно најважна е партиската книшка

 

Партиската припадност е клучна за вработување во јавниот сектор, сметаат мнозинството граѓани во најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

 

Според неа, 41,3% од граѓаните сметаат дека при вработување во јавната администрација најважна е партиската припадност. 26,5% сметаат дека вработувањата одат според критериуми во кои најважни се професионалниот капацитет и квалификациите додека 21,6% се на ставот дека при вработувањето, клучни се роднинските и пријателските врски.

Новите огласи за вработување пред избори, според три четвртини од граѓаните или точно 75,2% се предизборна манипулација додека само 8,3% сметаат дека станува збор за реална потреба.


И тука Македонците и етничките Албанци имаат прилично спротивставени ставови.

Додека 84,9% Македонци сметаат дека огласите за вработување пред избори се само изборна манипулација, ваков став делат близу двојно помалку етнички Албанци или 46,7%. Меѓу нив, 20,1% сметаат дека огласите за вработување пред избори се реална потреба, став кој го делат само 4,2% Македонци.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1.107 испитаници.

02.04.2023 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа