Градоначалникот Касами во официјална посета на Австрија

 

Во рамки на официјалната посета на Австрија, градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, оствари средби со значајни претставници.

Тој се сретна со Карл Хајнц-Дерношег - комерцијален директор во Штаерска, се разговараше за продлабочување на соработката во управувањето со отпадот, додека со г-дин Манфред Ебер од Општина Грац се разговараше за размена на искуства во економскиот развој.

Касами имаше средба и со Карл Хартлеб – директор на Центарот за меѓународна соработка, разговараа за учеството на Тетово во меѓународната соработка, со цел привлекување странски инвестиции и отворање нови работни места.

Средбата заврши со посета на фабриката „Заубермахер“, каде што се разговараше за можноста за изградба на слична фабрика во Тетово за решавање на проблемот со отпадот во градот и регионот.

10.01.2024 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега