Градоначалниците ќе разговараат за Мерко на следната седница

 

Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков во изјава за „Алсат“ вели дека случајот со Мерко неминовно ќе се најде на маса на следната средба на градоначалниците од ЗЕЛС. Тој како член на управниот одбор на телото вели дека засега не се знае дали струшкиот градоначалник може да биде исклучен од ЗЕЛС, а воедно ги повика и судските органи до крај, темелно да ги истражат наводите на американскиот Стејт департмент.

 

„Како управен одбор секако дека тоа ќе биде една од темите за која ќе разговараме, но ние не треба да чекаме некој да ни каже дали некој е корумпиран или не, треба да имаме правосуден систем кој тоа ќе го работи на дневна основа“,изјави Пецаков за „Алсат“.

Мерко и неговото семејство пред околу две недели (на 20 јуни) беа ставени на „црната листа“ на САД поради вмешаност во значителна корупција и, како што објави Стејт департментот, поради присвојување средства и мешање во судски и во други јавни процеси.

Тоа предизвика бура реакции и критики во јавноста кои во најголем дел беа насочени кон домашните институции поради непостапување, а од јавното обвинителство тогаш се огласија со став дека исклучително сериозно ги земаат предвид сознанијата на Стејт департментот за негово влијание во правосудни постапки и најави контрола.

03.07.2023 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега