Голема полициска акција во Тетово: Си возеле и си зборувале на мобилен

 

На 30.01.2024 од 10.00 до 16.00 часот, полициските службеници на СВР Тетово спровеле  акциска контрола на возила и возачи во рамките на која се проверувала техничката исправност на возилата, но и дали и колку од возачите користат сигурносни појаси и мобилни телефони додека возат.

Притоа, откриени и санкционирани биле 9 возачи (ТЕ-8 и ГВ-1) кои не користеле сигурносни појаси и 20 (ТЕ-18 и ГВ-2) кои возеле и зборувале на мобилен телефон. На возачите-прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци со парични глоби од 40 и 50 евра во денарска противвредност, а со адекватни поднесоци биле заокружени и 7 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-4).Покрај ова, санкционирани биле и 3 возачи (ГВ) кои управувале возила со неисправни уреди за управување.

31.01.2024 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега