Голем пожар беснее во Неготино, на помош пристигнува хеликоптер и пожарникарите од Кавадарци

Кавадаречки пожарникари заминаа да помогнат при гаснење на пожарот во Неготинско, информираа попладнево од Територијалната противпожарна единица Кавадарци. 

- Во пожарот што го зафати просторот близу неготинското село Пепелиште,  интервенираат и пожарникари од ТППЕ Кавадарци. Со три возила, шест пожарникари и цистерна од ЈП ,,Комуналец" Кавадарци, се помага во гаснење на големиот пожар, се додека истиот не се стави под контрола, соопштија од Противпожарната единица. 

Пожарот кај Пепелиште има зафатено површина од околу 300 хектари и се очекува да пристигне и хеликоптер за помош при гаснењето. 

10.07.2024 - 17:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега