Го топиш бетонот: Ураганката „ги запали“ социјалните мрежи со една фотографија од одмор (ФОТО)
Атрактивната пејачка Ивана Николиќ деновиве е на одмор во Сен Тропе, па во оваа прилика објави фотографија и покажа како си поминува и каква е нејзината совршена линија.
Членката на групата „Хурикејн“ позирала во тигрести бикини кои ги истакнале нејзините извајани стомачни мускули.
Со деколтето и мокра коса која и паѓа преку рамениците, Ивана изгледаше како милион долари, па направи вистински спектакл на социјалните мрежи.
„Бомба“, „Не знам кој коментар може да биде достоен за ова совршенство“, „Го топиш бетонот“, „Жено преубава си“, се само дел од коментарите.
12.06.2022 - 15:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа