Глетка која ќе ви ги насолзи очите: Куче три дена лежи пред автомобилот на својата почината сопственичка во Кавадарци

 

Куче три дена лежи крај автомобилот на неговата спасителка која почина во Кавадарци, вака емотивно објавија денеска од Здружението ,,Шепи 2021″ од Кавадарци.

– Дека кучето е најлојален и најверен пријател на човекот сведочат многу примери! Ова е кавадаречкиот Симба, кој веќе трети ден лежи покрај автомобилот на неговата спасителка Билјана Галабова, очекувајќи ја да дојде…Срце да ти се крши!, посочија од Здружението.

Фотографијата е направена од активистката за заштита на животните, Билјана Миркова. Во изјава за МИА, таа нагласи дека Галабова, инаку музејски работник, а почина деновиве, беше голем љубител на животните и благодарение на неа, беа спасени многу бездомни животни.

 

14.08.2023 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега