„Ги зедов децата и жената и побегнав“ – сосед на убиецот од Хрватска откри детали за нападот, вели заедно пораснале

 

 

Шеесетгодишен маж кој живее на улицата Чапрашка Пољане во Сисак синоќа околу 20 часот и 10 минути вооружен со огнено оружје дошол во куќите на своите соседи и отворил оган кон нив. Убил 45-годишна жена, ранил четири други лица, запалил две куќи и својата, а потоа избегал.

По неколкучасовно бегство бил уапсен и приведен во полиција каде ќе биде спроведена истрага. Плашејќи се дека ќе ги убие, луѓето се забарикадирале со мебел и бегал низ прозорците кога мажот ги почнал убиствата.

Соседите за „Јутарњи лист“ изјавиле дека напаѓачот имал психички проблеми, и ги обвинувал дека го отруле.

Живеел сам во трошна куќа, немал жена и деца, а мештаните тврдат дека не бил сиромав, туку „имал пари, оти продал малку земја“.

„Видов чад, оган, луѓето викаа: ‘Бегај, овој човек доаѓа со пушка и пука, ги пали куќите на луѓето’. Ги зедов децата, ја зедов сопругата и дојдов на безбедно место. Сега се вратив да видам што се случило. Ќе бидам мирен кога ќе биде уапсен. Работев со него цел живот, се познаваме и заедно пораснавме. Тој е многу постар од мене. Беше малку чуден, психички нестабилен, но не ми се верувало дека ќе направи вакво нешто. И мојот колега беше застрелан, не знам што се случи со него. Имаше поединечни истрели“ изјави Сеад, еден од соседите на напаѓачот за „Јутарњи лист“, додавајќи дека самиот не го видел напаѓачот.

Четириесет и петгодишна жена е убиена во пукање во ромската населба Чапрашке Пољане, а четири лица се ранети, соопшти полицијата во Сисак-Мославина утрово. Лекарска помош им е укажана во Општата болница Сисак, каде е констатирано дека се тешко повредени.

При интервенцијата на овој настан со полесни повреди се здобил пожарникар. Лекарска помош им била укажана на две лица, меѓу кои и едно дете, кои биле полесно повредени при бегството.

Во необичниот настан целосно изгореле две семејни куќи и еден автомобил, додека делумно изгореле една куќа и еден автомобил, соопшти полицијата.

02.07.2023 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега