Ги нападнал неговиот полубрат и мајка му, приведен маж од Тетовско
Денеска околу 5 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 33-годишниот Д.Р. од тетовско Јегуновце.
Тој непосредно пред тоа бил пријавен од неговиот полубрат и мајка од Гостивар дека физички ги нападнал.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот.
18.12.2023 - 12:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа