Германија: Се урна цивилен авион

 

 

 

Две лица загинаа откако авион во Германија се урна во близина на пистата на НАТО кај Рендсбург. Авионот бил изнајмен, двете починати лица биле пилоти.

Авионот требало да полета за провинцијата Долна Саксонија.

На местото на несреќата излегле голем број на пожарникари и полиција, причините кои довеле до падот се уште се непознати.

Германските медиуми пишуваат дека во попладневните часови биле забележани облаци од чад кои што доаѓале од базата, а на аеродромот се гледале урнатините и пожарникари.

Според портпаролот на Федералното биро за истраги, тим е на пат кон местото на несреќата за да го истражи падот на цивилниот авион.

15.05.2023 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа